Пет10222021

Последна промена06:47:18 PM

SCREEN

Cpanel

   

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Балевски: Да веруваме на медицината, да се вакцинираме сите!

Балевски: Да веруваме на медицината, да се вакцинираме сите!

Сподели

 

Во охридската болница во четвртиот бран на пандемијата има многу помалку хоспитализирани пациенти, во споредба со третиот бран.


Во овој бран најголемиот број на хоспитализирани пациенти достигна до бројка од 52 лица, за разлика од третиот кога бројките беа над 110 пациенти и се бараше кревет повеќе.

Според лекарите четвртиот бран е полесен за Охрид најмногу поради големиот број на вакцинирани граѓани. Според последната анализа на министертвото за здравство објавена на 7 ми септември во Охрид дури 61,45% од населението е вакцинирано.


-„Во однос на другите градови Охрид стигна до максимален број на хоспитализации од 52 лица. Тоа беше најголемиот пик и можам да кажам дека овој бран за нас беше многу полесен. Тоа се должи на високиот процент на вакцинирани. Третиот беше ужасен, имавме просечно 110- 120 хоспитални пациенти и уште 40 тина амбулантни кои ги лекувавме. Не очекувам во овој бран бројот на заболени да расте“, вели д-р Горан Балевски директор на Општа болница Охрид. 

Податоците покажуваат дека на удар на четвртиот бран на вирусот, каде најраспространет е Делта сојот, се невакцинираните и младите меѓу кои процентот на вакцинирани е доста низок.Дури 90% од хоспитализираните пациенти во овој бран се навакцинирани лица.

-„Имавме многу малку вакцинирни пациенти и можам да кажам дека сите тие беа со далеку полесна симптоматологија. Имаа релативно лесна клиничка слика. Имаше само два случаи со потешка слика, но морам да потенцирам дека тие имаа многу коморбидитети сосема други тешки болести. Овој бран донесе многу помлади пациенти невакцинирани со бурна реакција и тешка клиничка слика. Имавме и починат 25 годишен пациент невакциниран, кој две недели дома се лекуваше без да побара лекарска помош “, додава Балевски.

Лекарите ги охрабруваат младите што посокоро да се имунизираат.

-„ Денес имаме млади луѓе заболени од вирусот кои само во неколку часа ја менуваат клиничката слика. Овој бран покажа дека и младите не се отпорни на вирусот и дека треба да се вакцинираат што поскоро. Во регионалниот пунк во Охрид се вакцинираа над 60 000 луѓе, а немаше ниту еден случај со алергиска реакција, шок или други несакани ефекти “, советува Балевски.

Речиси сите вработени во охридската болница се имунизирани, тврди директорот Балевски, со исклучок на неколкумина кои пред брзо време го прележале вирусот или се лица кои имаат болести што се контраиндикативни на вакцината.

-„Во спортската сала во Охрид се вакцинираа околу 60 000 луѓе, ние немавме ниту еден случај со несакани последици или алергиски реакции. Затоа апелот е да се вакцинираат сите. Да веруваат на науката на медицината. Сите мора да се вакцинираме, моите деца се вакцинирани, моите внуци се вакцинирани. Јас самиот се вакцинирав меѓу првите“, вели д-р Балевски.

Текстот е изработен во рамките на  кампањата  „Здравствените работници се нашите херои - со нив се гордееме“, како поддршка во најголемата  здравствена криза во историјата. 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK