Нед09222019

Последна промена11:24:27 AM

SCREEN

Cpanel

          

 
  • sileks
Back Вие сте на: Home Здравје Посна турлитава со печурки.. посно и вкусно

Посна турлитава со печурки.. посно и вкусно

Сподели

Со почетокот на Велигденскиот пост, секој посен рецепт е добредојден. 

За сите кои постите, па и за оние кои не се љубители на месо Ви предлагаме посна турли тава со печурки.... многу вкусно но и здраво.....

 Потребно

2 глави кромид
3 зелени пиперки
2 моркова
1 црн патлиџан
1 тиквичка
2 домати
3 средно големи компири
200 гр печурки
2 лаж сушено нане
1 лаж црвен пипер

Подготовка 


Сите состојки се сецкат, па се пржат на масло додавајки ги еден по еден почнувајки од кромидот се разбира, а за на крај ги оставив печурките. Се пропржува убаво, па се додават на крај зачините, се налева вода и се наросува сецкан магданос. Целата оваа смеса се претура во сад за печење и се става во рерна загреана на 200 с. Се пече околу 30-40 минути.

Може да ја зготвите и без масло... сите намирници ги динстате на пареа а потоа постапката е иста....

На здравје! 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK