Пет06232017

Последна промена04:46:40 PM

 
Back Вие сте на: Home Наука Фејсбук развива уред за дигитална телепатија

Фејсбук развива уред за дигитална телепатија

Сподели

Одделот Building 8, задолжен за најновиот хардвер на Facebook, објави нови работни места. Едно од нив е „brain-computer interface“ инженер со научен степен, кој за две години би можел да помогне во изградбата на овој уред.

Другото работно место е за специјалист, способен да „развие алгоритми за конверзија на аудио сигнали за комуникациски и компјутерски платформи на иднината“.

Facebook не соопштува детали, но коментарот на Марк Зукерберг од 2015 година навестува дека корпорацијата навистина работи на некаков уред за телепатска врска: „Сигурен сум дека еден ден ќе можеме да пренесуваме целосни мисли со помош на најновите технологии. Потребно е само да помислите за нешто и вашите пријатели веднаш ќе разберат што е тоа, доколку се разбира посакате да ги споделите вашите мисли“.

Меѓу другите објавени работни места се специјалисти за „инвазивни невротехнологии“ и луѓе кои се способни да создадат „реално и сеопфатно тактилно искуство“.

Одделот Building 8 се раководи од Реџина Дуган, поранешен директор на DARPA, а потоа еден од директорите на Google. Рокот за реализација на овој проект е 2 години, пишува Стандард.мк. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK