Нед12172017

Последна промена03:30:45 PM

 
Back Вие сте на: Home Наука Ќе се произведуваат цигари без чад

Ќе се произведуваат цигари без чад

Сподели

Пушењето цигари повеќе нема да биде исто како порано, а луѓето околу пушачите, превенствено децата, нема да бидат пасивни пушачи.

Philip Morris, водечка компанија во светската тутунска индустрија, радикално ја промени визијата за својата работа поставувајќи пред себе нова цел – иднина без чад од цигари.

И покрај постојаното стеснување на регулаторната рамка и воведувањето нови рестрикции, податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека до 2025 година во светот и понатаму ќе има 1,1 милијарди пушачи. За на овој предизвик за глобалното здравје да му се пристапи од друг агол неопходно е на полнолетните пушачи да им се понуди алтернатива во вид на потенцијално помалку штетни производи од тутун.

„По 10 години и инвестирани три милијарди долари во истражувања во компанијата Philip Morris осмисливме нови производи кои се потенцијално помалку штетни од цигарите, а се базирани на принципот несогорувачки тутун“ велат од компанијата, пренесува inovativnost.mk.

cigarette smoke1

IQOS е водечкиот од четирите видови потенцијални помалку штетни производи кои ги разви оваа компанија, а функционираат така што патрони кои содржат вистински тутун со помош на уредот iQOS се загреваат и на корисниците им овозможуваат исто ниво на никотин, но без чад, пепел и непријатни мириси.


Решението за проблемот со чадот од цигарите се токму вакви производи кои не согоруваат туку со загревањето креираат аеросоли кои во себе содржат во просек 90% помалку штетни и потенцијално штетни соединенија во споредба со чадот од цигарите. Новите производи од тутун базирани на технологија за загревање на тутунот не ослободуваат чад, па со самото тоа квалитетот на воздухт во просториите се менува.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK