Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

 
Back Вие сте на: Home Наука Обединетите Арапски Емирати ќе градат град на Марс!!!

Обединетите Арапски Емирати ќе градат град на Марс!!!

Сподели

Пред малку повеќе од 40 години, Дубаи беше мало рибарско селце со црни патишта и не особено богато население.

Сега е еден од најфутуристичките и најсјајни градови на планетата – скапоцен камен во круната на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Од вештачки архипелази со форма на палми, до пожарникари со реактивни ранци и највисоката зграда во светот – градот има репутација да спроведува грандиозни и амбициозни проекти брзо и беспрекорно. Сега ОАЕ сакаат да изградат уште еден технолошки град – на Марс!

Обединетите Арапски Емирати ќе прават град на Марс

Вчера потпретседателот и премиер на ОАЕ, Емирот на Дубаи – Шеик Махамад бин Рашид ал Мактум – ги објави плановите на земјата за изградба на мал град и заедница на Марс со меѓународна поддршка.

„Ние се стремиме кон големи нешта, па брат ми – Мохамад бин Зајед (претседател на ОАЕ и крунисан принц на Абу Даби) и јас решивме дека Обединетите арбски Емирати ќе се приклучат на напорите на човештвото да испрати луѓе на Марс“, вели Мактум.

Градот на ОАЕ носи име „Марс 2117“ и како што неговото име сугерира, тој нема да биде изграден за неколку години. „Ова е семе што го посејуваме сега, за да можат идните генерации да ги соберат плодовите од него, предводени од страст за знаење и напредок“. Засега нема информации како точно ќе биде исполнет планот технички, но шеиците имаат 100 години да ги дефинираат деталите. Според извори на CNBC, станува збор за град со големина на Чикаго и население околу 600.000 луѓе.

И покрај финансискиот ресурс на земјата и големите нејзини амбиции, Марс не е само уште еден архитектонски проект, за кој се потребни само средства. До овој момент само САД успеале да приземјат беспилотен апарат на Црвената планета, иако Русија и Европската вселенска агенција, исто така се обиделе. Испраќањето на луѓе на такво далечно растојание е само првиот предизвик, потоа доаѓаат и поголеми – обезбедување на засолниште, храна, заштита од радијација и зачувување на менталното здравје на идните колонисти, пишува Стандард.мк. 

Вселенската агенција на Обединетите Арапски Емирати е создадена пред само три години, но планира да испрати вселенски апарат кон Марс во текот на 2021-та. Нацијата нема сопствени ракети, па ќе мора да прибегне кон услугите на Русија, НАСА или некој од приватните концерни, кои се занимаваат со вселенски технологии – SpaceX пример.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK