Чет08172017

Последна промена06:42:11 PM

 
Back Вие сте на: Home Наука Не пишувајте пораки кога возите, одговорете автоматски

Не пишувајте пораки кога возите, одговорете автоматски

Сподели

Одговорот на пораките може да се регулира, па да нема потреба да го ризикувате својот и животот на останатите додека сте во автомобил, или едноставно не сте во можност да посегнете по телефонот. Кај некои понови модели на автомобили постои одлична OS интеграција.

Автоматскиот одговор е дел од „Android Auto“, кој можете да го инсталирате на секој модерен Андроид телефон. Ќе го вклучите менито, потоа во „Settings“ и на крајот на „Auto-reply“, каде што ќе ја составите пораката.

Сепак, ќе биде потребно да го кликнете копчето „reply“, кога ќе ви пристигне порака, но тоа е само еден клик, а не целосно типкање на порака. „Android Auto“ функционира со сите апликации за пораки како „Facebook Messenger“, „Hangouts“ или „WhatsApp“.

„IFTTT (If This Then That)“ – и ова е опција за одговарање на пораките наместо вас, но само на Андроид. Избирате „Any new SMS received“, потоа „Android SMS“ и „Send an SMS“. Компонирајте ја вашата порака и одберете го бројот на примателот на истата. Овде е само потребно апликацијата да ја вклучите кога ќе возите, а потоа да ја исклучите, другото се врши автоматски.

Можете да најдете голем број на апликации за менаџирање на пораките автоматски. Една од нив е и „SMS Auto Reply Text Message“. Лесна за користење, флексибилна, со понудени инструкции, пишува Факултети.мк.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK