Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

 
Back Вие сте на: Home Наука Како може да ве прислушуваат преку мобилен?

Како може да ве прислушуваат преку мобилен?

Сподели

Кевин Митник еден од најпознатите светски хакери објаснува дека постојат два начини како да се „влезе“ во чиј било телефон.

Уште полошо, тие начини не ги користат само љубоморните партнери, туку и разузнувачките служби и хакерите.

-Секако најопасно е кога напаѓачите можат физички да дојат до вашиот телефон. На интернет има софтвер кој може да се купи со месечни претплати од неколку десетици долари, а со кој може да се активира нечија камера или да се прочитаат сите пораки, дури и избришаните. МОже да се пресретнат дури и телефонски повици- објаснува Митник.

Вториот напад е на далечинско и не бара физички пристап до телефонскиот апарат. Со овие методи се служат владини и невладини организации за шпионски потреби и следење на криминални активности. Се работи за напади кои користат повредливост на софтверот. На пример, Митник наведе дека таков пропуст на платформата ИОС чини 1,5 милиони долари. За агенции кои на тојј начин можат да шпионираат милиони луѓе, тој износ е безначаен.

-Кај Андроид уредите, цената за таква повредливост е многу пониска, околу 200 илјади долари, бидејќи тоа се поранливи платформи- оценува хакерот.

Митник додава дека нема начин просечен корисник да открие има ли малициозни кодови на телефонот. Тоа што можат да го сторат е да внимаваат секогаш да користат последно издание на софтверот и да користат силни лозинки.

Ако сепак се појави сомнеж дека телефонот е инфициран со малициозен код, наједноставно решение за можната штета е враќање на фабричките подесувања, пишува Република. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK