Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

 
Back Вие сте на: Home Наука Дознајте кога некој ви злоупотребува фотографии на Фејсбук

Дознајте кога некој ви злоупотребува фотографии на Фејсбук

Сподели

Новиот додаток на најпопуларната социјална мрежа користи препознавање на лица за да ви испрати нотификација доколку некој неовластено постави ваша слика на Фејсбук.

 

Фацијалното препознавање не е ништо ново на Фејсбук, но она што е ново е ширењето на оваа технологија која помага во сигурноста и безбедноста на идентитетот на корисниците. На пример, ако некој кој не е во вашата листа на пријатели објави ваша слика, Фејсбук ќе го препознае вашето лице и ќе ве извести.

Иако станува збор за многу корисна опција, можноста на Фејсбук да ве препознае во секој момент вознемири многумина.

Доколку сте еден од нив, многу лесно можете да ја исклучите.

Се што треба да направите е да влезете во Privacy Shortcuts, изберете More Settings, кликнете на Face Recognition/No. За десктоп е уште полесно, Settings> Face Recognition > Edit > No.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK