Започна Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Со пригодна музичка програма која се одржа во катедралната црква „Света Софија“ вчеравачер беше означен почетокот на овогодинешното издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“.


„Музиката ѝ дава душа на вселената, крилја на умот, лет на мечтата и на животот сето она што постои“, оваа позната мисла на филозофот Платон ја отсликува моќта на мелодијата, преку која магично се искажува сето она што не може да се долови со зборови.
Огромно е задоволството да се биде дел од овој прекрасен настан, со кој се одбележуваат 20 години од меѓународниот музички натпревар „Охридски Бисери“ и да се означи почетокот на уште едно негово успешно издание. Горди сме што Охрид продолжува да биде центар на музичката уметност и тоа што сме домаќини на вакви културни случувања. „Охридски бисери“ е најзначајниот меѓународен натпревар во областа на класичната музика во нашата држава, кој привлекува квалитетни млади уметници од целиот свет. Тоа се должи на високите стандарди на целокупниот програмски концепт но и во строгата селекција на наградени учесници, напиша градоначалникот Кирил Пецаков. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани