Едно лице го загуби животот во сообраќајка на патот Кичево Гостивар

Едно лице го загуби животот во сообраќајка на патот Кичево Гостивар.

На 08.08.2022 во 06.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај „Тајмишка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Mан“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Гостивар и патничко возило „Хјундаи“, со скопски регистарски ознаки. На местото на несреќата починал возачот на возилото „Хјундаи“, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Кичево и се работи на утврдување на идентитетот на лицето. Со  тешки телесни повреди  се здобила Р.К.(42) од Скопје, сопатничка во истото возило, констатирани во Ургентниот центар во Скопје. Увид извршија Јавен обвинител и полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Поради сообраќајката, сообраќајот беше во застој а колони возила на патот кон Гостивар.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани