Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Република Албанија

Запленети 177 парчиња охридска белвица, приведено лице од Република Албанија

Денеска (03.10.2022), по преземени мерки и активности, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Св. Наум го привеле А.П.(53) од Република Албанија.
При контрола во патничко возило „фолксваген туран“, со албански национални ознаки, кое го управуивал, биле пронајдени 177 парчиња охридска белвица, кои биле предмет на недозволена трговија од Република Северна Македонија кон Република Албанија.
А.П. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани