
Жител на Лескоец агресивно се однесувал кон вработените во казино во Охрид.
На 30.11.2022 година во 01.45 часот во казино на улица „Кленоец“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување и навреди кон вработените, извршено од Н.П.(45) од охридското село Лескоец. Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.