Незаборавен Новогодишен концерт на светски познатиот квартет „Диогенес“

Во Националната опера и балет Скопје, синоќа се одржа Новогодишен концерт на фестивалот Охридско лето. Публиката уживаше во звуците на светски познатиот квартет „Диогенес“.

Охридско лето е меѓународен фестивал и целта е негово проширување со културни настани надвор од традиционалната рамка, смета директорката на фестивалот Наташа Поповиќ.

Поповиќ: „Нашата заложба е, Фестивалот да го прошириме и надвор од традиционалната рамка, 12 јули-20 август, и тоа успешно го правиме изминативе години. Горда сум што сега за првпат успеавме да реализираме новогодишен концерт со што потврдуваме дека сме скалило погоре во негувањето и презентирањето на врвната уметност. Тоа е единствениот начин со кој ја оправдуваме водечката улога во обезбедувањето и презентирањето на културните вредности“, истакна Поповиќ.

На концертот присуствуваше и министерката за култура Бисера Костадиновска.

Реномираниот гудачки квартет „Диогенес“ од Германија приреди незаборавно празнично доживување.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани