Лажна дојава за бомба и во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во Охрид

Лажна дојава за бомба, утрово на емаил пристигна и во ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ во Охрид.

Менаџментот веднаш пријавил во полиција. Беше извршена стандардна процедура за евакуација на учениците и професорите.

Преглед од страна на специјализираните тимови кои утврдија дека дојавата е лажна.Првата смена од наставата заврши беше прекината, втора смена од наставата ќе се одвива непречно., вели директорот Сашо Недески за Охриднет.

Ова е прва дојава за бомба во охридско училишта, по серијата лажни дојави во повеќе училишта и институции низ земјава.

Од СВР Охрид испратија официјално соопштение.

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани