Пон10212019

Последна промена10:09:32 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Света Ана - Успение на мајката на Богородица

Сподели

Денес се одбележува споменот на Света Ана.

Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ѝ се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.

 

Тропар
Богомудра Ано, во твојата утроба си ја носела чистата Богомајка Која Го роди Животот. Затоа сега си се преселила кон небесното блаженство, каде што е живеалиштето на оние што се веселат, радувајќи се во слава, и просејќи очистување на гревовите на оние што те почитуваат со љубов, секогаш блажена.

 

Кондак
Го празнуваме споменот на Христовите прародители, верно барајќи помош од нив, да се избавиме од секаква неволја сите ние кои повикуваме: Со нас е нашиот Бог, Кој ги прослави, како што благоволи.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK