Артикли
Започна изградбата на улицата “Млака” во Вевчани
- Детали
- Објавено на Четврток, 14 Ноември 2013 12:29
Општина Вевчани денеска започна со изградба на локална улица „Млака“.
Овој пат со години беше земјен нетампониран.
Со асфалтирањето на улицата ќе им се олесни движењето на жителите кои живеат на овој потег. Изградбата на патот треба да заврши за 10-тина дена.
Инаку оваа улица беше дел од изборната програма на градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.