Пон12092019

Последна промена05:21:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Уште еден млад живот згасна на моторцикл

Сподели

Во вчерашната сообраќајка кај Косел, загина 32 годишен моторциклист.

Во тешка сообраќајна незгода случена вчера во 17 часот и 15 минути на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на селото Косел, животот го загуби Љупчо Ј. (32) од Охрид. Тој, на магистралниот пат, во правец од Охрид кон Ресен управувал моторцикл марка „Јамаха“ и на критичното место, изгубил контрола и удрил во задниот дел од автобус со кочански регистарски ознаки запрен надвор од коловозот на десната страна. Смртта е констатирана од дежурен лекар во Итна медицинска помош.
-На местото на сообраќајната незгода, увид изврши дежурен Јавен обвинител и екипи на СВР Охрид како и овластен судски вештак. За време на увидот сообраќајот не беше запрен односно беше наизменично регулиран во двата правци, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот денеска ќе биде извршена обдукција а врз автобусот вонреден технички преглед.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK