Артикли
Затвореник предизвикал пожар во охридскиот затвор
- Детали
- Објавено на Петок, 14 Септември 2018 13:04
Затвореникот оставил неизгасната цигара.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.Р.(20) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност”. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека пријавениот, кој се наоѓа во Казнено-поправната установа Охрид на издржување затворска казна, на 05.08.2018 година во 21.45 часот во КПУ - Затвор Охрид, од неизгасната цигара предизикал пожар во собата во која бил сместен.