Артикли
Советниците ќе одлучуваат за годишните планови за вработувања
- Детали
- Објавено на Понеделник, 14 Јануари 2019 10:15
Годишните планови за вработување во јавните претпријатија на територијата на општина Охрид пред градските советници.
На следната седница советниците ќе одлучуваат по 39 предлог одлуки, меѓу кои и за годишните планови за нови вработувања во градските јавни претпријатија.Советниците ќе расправаат и за Предлог – одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид.
Петнаесетина предлог одлуки кои ќе се најдат пред советниците се од полето на урбанизмот.
Седницата е закажана 16.01.2019 година (среда) со почеток во 11.00 часот.
Целиот дневен ред тука