Пет11222019

Последна промена11:20:32 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Мистериозен тајкун од Британија го купи најскапиот апартман во Париз

Сподели

Најскапиот апартман на парискиот пазар на недвижности продаден е за 39 милиони евра на неидентификуван индустријалец кој ја напушта Британија поради Брегзит.


Недвижноста од 1.000 метри квадратни со 16 соби продадена е за седум милиони евра повеќе од претходната најскапа во Париз.

Станот од соништата е на три ката во градба од 18 век во срцето на француската престолнина. На станот му припаѓа и градина од 300 метри квадратни.
Името на купецот е тајна, но локалните медиуми пишуваат дека во прашање е европски индустријалец кој сака да се прибере во Париз во очи на британскиот развод со европската унија, пренесува Независен.мк. 
Мистериозниот тајкун не е осамен случај затоа што богаташите стравуваат за нивните имоти кои може да изгубат на вредност по Брегзит и сметаат дека Париз е добра локација за реинвестирање во недвижности.
Толку висока цена за една недвижност е реткост за Париз. Последен пат цена повеќе од 30 милиони евра постигната е во 2007 година кога ќерката на поранешниот претседател на Узбекистан пријави дека купила пентхаус во Париз од 688 метри квадратни за 31 милион евра.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK