Пет12062019

Последна промена08:44:45 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Посен намаз од пиперки и лешник

Сподели

За време на Велигденскиот пост секој посен рецепт е добредојден. Охриднет споделува манастирски посни и здрави рецепти со своите читатели. 

 

Паштета од лешници и печени пиперки

200 грама печени пиперки исчистени
50 грама лешници ољупени
2 кришки леб, ако ја правите паштетата на масло пред да ги потпечете кришките премачкајте ги со маслиново масло или со маргарин и печете ги додека заруменат, доколку паштетата ја правите на вода само ги потпечувате да заруменат
½ лажица чили
Лукче 3-4 чесниња
Сол и оцет по вкус
75 милилитри вода или ако ја правите на масло 75 мл маслиново масло
Лешниците се потпечуваат и се мелат или блендираат заедно со лебот, пиперките лукчето, оцетот и солта. Ако паштетата ја правите на вода се додава вода додека ги миксирате овие состојки се до добивање на саканата густина, ако пак ја правите паштетата на масло додавате маслиново масло.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK