Пет05292020

Последна промена11:11:36 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Поевтинува Еуросупер БС 98

Сподели

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 од синоќа на полноќ  е намалена  за половина денар за литар, а цените на останатите нафтени деривати остануваат исти, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,35, односно за 0,24 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 78,  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 70, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 59 денари за литар.

За 0,359 денари поевтинува мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 40,733 денари за килограм.

Како причина за промените на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,4 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,75 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот./ Извор Канал 5 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK