Чет08222019

Последна промена05:13:16 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Екологистите очекуваат лоша оценка од УНЕСКО

Сподели

Екологистите очекуваат лоша оценка од УНЕСКО.

Во јуни во Баку Охрид може да добие нови забелешки или во најлош случај да биде ставен на листа загрозени градови на Унеско, предупредуваат екологистите.

Тие своите тврдења ги базираат на факти , од 9 забелешки на Унеско не биле реализирани ниту десет. 

-Во јуни очекуваме да добиеме препорака со уште поголеми забелешки  од УНЕСКО или Охрид  ќе биде ставен во групата загрозени градови.Најверојатно некој и тоа го посакува. не смееме да дозволиме за поединци и нивни финансиски интереси да го загубиме статусот на Унеско, предупредува Трајче Талески од Охрид ЅОЅ. 

Клучен проблем е непромислената урбанизација особено на брегот на Охридското езеро, уништувањето ан зеленилото со тоа нарушување на еколошкиот концепт на градот. 

-„Опфатени се изградбата на неколку хотлеи на брегот на езерото, изградбата на 32 метри високото минаре. Одговор немаме се упте не е разгледано. Владее урбан хаос, имаме нарушувања во поглед на заштитата на езерото  а со тоа и несогледливи последици бидејќи немаме колектор, немаме патна инфраструктура за да може да ги опфати отпадните води. Унеско работи по прнцип ако не ги реализираш моите забелешки наредниот пат  ти давам уште поголеми односно очекуваме да добиеме нови десетина забелешки од Унеско. Очекуваме зголемување на барањата на Унеско или ставање на градот на листа загрозени градови“, вели Талески. 

Во забелешките односно извештајот на Охрид ЅОЅ е опфатено и 32 метарското минаре на Алипашината џамија кое веќе ја нарушува визурата на  строго заштитеното градско јадро.

-„Мислам дека тоа е некакво политичко решение на кое што Унеско  би требало да даде одговор и за минарето. Додека не се ревидираат сите урбанистички планови, сите дивоградви, додека не се направат студии за влијание врз животната средина и тоа кумулативно не смее да се даваат нови дозволи за градба, но  ете во моментов се градт двесте до триста станбени единици. Изведувачот на Алипашината џамија се води  под името на реконструкција и ревитализација, стари објекти се градат односно ревитализираат со идентични материјали со кои што е оригиналот. Овде немаме ништо односно имаме ставање на бетон и цемент“, вели Талески. 

Градоначалникот Константин Георгиески не очекува негативни забелешки од Унеско. 

-„Мојот коментар е дека најверојатно и јас ќе патувам во Баку на состанокот на Унеско па ќе видиме таму што ќе се случува не можеме да прејудицираме. Точно е дека не се исполнети забелешките на Унеско?. Не не е точно. Во однос на изградбата на минарето не сум во контакт и не знам дека е проолжена градбата. Тоа е на многу повисоко ниво тука станува збор за договори на ниво на влада односно на две влади. Дирекна инвестција на странска држава иќе треба тоа да се решава на повисоко ниво“, вели Георгиески.

Новинар Соња Рилковска

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK