Пет11152019

Последна промена08:34:51 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Се уредува зеленилото во Охрид

Сподели

Екипите на „Јавно зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец” деновиве интензивно го уредуваат јавното зеленило во централното градско подрачје и приградските населби.

 

-„Се уредуваат крошните од дрворедите по улиците: „Партизанска”, „АСНОМ”, „Јане Сандански” и „Питу Гули” со цел подобра видливост и движење на возилата и пешаците.

Покрај тоа се реализираа акции за косење на тревата, подигање на зелен отпад и отстранување на ниската вегетација од пешачките патеки и тротоарите во „8.ма Урбана заедница” (населба Билјанини Извори), во с.Рача и ул. „Крум Точков”,  информираат од ЈП Комуналец. 

Согласно оперативната програма за 2019 година тековно се одржуваат и тревните површини во градскиот парк и покрај пешачката патека кај каналот Студенчишта.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK