Нед11172019

Последна промена11:00:51 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Да обезбедиме бесплатен одмор за социјално загрозените

Сподели

Повик до туристичките рботници ширум македонските туристички центри да обезбедат бесплатно летување за децата со посебни потреби, за социјално загрозени семејства и деца со самохран родители.

Благодарение на фејсбук групата Бесплатно сместување Македонија и превозници со големо срце и ова лето неколку семејства од земјава ќе добијат бесплатен летен одмор. 

-„Додека ние размислуваме каде на одмор, некој неможе ни да помисли на такво нешто. Едниот родител вработен, но другиот неможе ни да помисли да работи зошто мора да биде со детето кое е со посебни потреби. Родител кој е самохран зошто другиот родител ги напуштил и несака ни да слушне за своите деца не па да ги види.

Дали некогаш сте помислиле на овие семејства?

Дали можете да ослободите една соба за едно семејство да биде сместено во летниот период кај вас во вашите апартмани и да користи одмор? Дали 5 дена ќе ве направат побогати парично или побогати во срцето - сепак од вас зависи.

И овој повик не е само за тие што издаваат, истиот се однесува и на рестораните, превозниците, туристички агенции....

Се што сметате дека може да биде од корист за да усреќиме едно семејство и да му овозможиме убав одмор, нешто за кое не можат ни да помислат, пишете ми во порака.

Да се организираме заедно и ова лето нека биде среќно лето за некое семејство.
Заедно можеме нели?“, пишуваат администраторите на фејсбук групата. 

Останува туристичките работници , хотелиери и угостители со големо срце да се пријават и да обезбедат  бесплатно сместување, превоз и храна.....

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK