Сре01292020

Последна промена04:01:17 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

На 15 јули се спуштаат рампите за Стар град

Сподели

Во Општина Охрид се одржа втора трибина за режимот на сообраќај во урбаната заедница Стар град и начинот на функционирање на системот за влез и излез на моторни возила. На трибината учествуваа Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, жителите на оваа урбана заедница, претставници на Советот на урбаната заедница, како и претставници на општинската комисија за одобрување на картички.

 

Како резултат на оваа отворена јавна расправа произлегоа следните заклучоци:

Општина Охрид да ја продолжи постапката за регулирање на движењето на моторни возила во стариот дел на градот;
Системот за електронско евидентирање на движењето на возилата да отпочне со функционирање од 15.07.2019 година (понеделник)
На рампите задолжително да има присуство на овластени лица;
На возилата кои имаат картички да се постават и налепници за означување на возилата;
Да се изработат флаери и достават до корисниците за информирање на граѓаните за начинот на работа на системот за електронско евидентирање;
Да се продолжи со издавање на картичките по строго дефиниран Правилник и истите да ги издава комисија формирана од страна на градоначалникот, со претходна согласност од Советот на урбаната заедница и за цела постапка да биде запознаен лично градоначалникот ;
Секој ден во временскиот период од 19.00 часот до 05.00 часот на улиците „Цар Самоил” и „Коста Абраш” да има забрана за сообраќај и во овој период целиот сообраќај ќе се одвива преку „Горна Порта” и исклучниот пат за црква „Каменско”.
Ова е втора трибина од ваков вид, која ја организира Општина Охрид, со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај во стариот дел на градот и начинот на негово регулирање.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK