Пет12062019

Последна промена08:44:45 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Богат спортски викенд во „Билјанини извори“

Сподели

Спортско рекреативниот центар " Билјанини Извори " изминатиов викенд беше домаќин на неколку спортски настани од различни спортови, што би рекле за секого и за сечиј вкус по нешто.


Богатиот спортски викенд започна со Првиот меѓународен фудбалски турнир за генерации 2008/2009 и 2010 "Охридски бисери" кој се одржа на 18 и 19 октомври (петок-сабота) на градскиот стадион "Билјанини Извори". На турнирот учество зедоа 10 екипи од три држави и тоа Охрид/Македонија, Р. Хрватска и Р. Црна Гора.


Спортскиот викенд продолжи со едно коло од Државното поединечно првенство во бокс за натпреварувачката сезона 2019 во машка и женска конкуренција кој се одржа во саботата и неделата. На првенството учество зедоа и членовите на охридскиот боксерски клуб "Алексо Огненовски" кој забележаа одлични резултати во двете конкуренции.
Викендот го заокуживме со стартот на кошаркарскиот турнир во Баскет 3x3 каде во неделата (вчера) се одиграа првите две кола во двете групи.
Ако по стартот се препознава и квалитетот, возбудувањата и другарувањето тогаш сме убедени дека ќе имаме и тоа како интересен Баскет турнир на задоволство на сите љубители на кошарката и рекреацијата.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK