Пон08032020

Последна промена02:18:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Културното наследство адут за туристичко брендирање на државата

Сподели

Културното наследство адут за туристичко брендирање на државата. Агенцијата за туризам и „Танец“ потпишаа Меморандум за сорабтока.

 

Поаѓајки од потребата да се постигне поголема промоција на туризмот, духовното и материјалното наследство на Република Северна Македонија во рамките на државата и надвор, создавање подобри услови за странските и домашните туристи, создавање нови форми на промоција, собирање, негување и чување на македонските традиционални вредности, зголемена поддршка и взаемно дејствување, како и подобри услови за заедничко делување, со здружени сили, заедно ќе стремиме кон остварување на целите, промовирајќи ја македонската духовна и материјална култура на меѓународно ниво.

 Богатиот македонски репертоар на песни и игри, како и збирката на автентични традиционални инструменти и носии, ќе бидат чекор поблизу до  домашните и странските туристи. Истите ќе бидат промовирани на интернационалните саеми за туризам, како и збогатување на промоцијата при организирање на денови на мекедонски туризам во странство, организирани од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Зајакнета промоција на македонски народни игри и песни ќе се одвива преку социјалните медиуми и интернет портали на странски пазари.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK