Вто08042020

Последна промена03:26:05 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Црквата „Св.Стефан“, уникатен православен музеј во Охрид и Македонија

Сподели

Споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, денес се слави и во манастирската црква „Св.Стефан“. По тој повод, денес бројни православни христијани го одбележаа верскиот празник и запалија свеќи за здравје и среќа.

Свети Стефан е македонска пештерска црква која се наоѓа во под охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан. Св. Стефан е мала пештерска црква која се наоѓа на 5 км јужно од Охрид. Потекнува од средината на IX век и по неа е наречен целиот овој туристички комплекс, кој е најголем на целата охридска ривиера. Свети Стефан е единствена црква посветена на овој светител во Македонија. Малечката полуоблесто соѕидана црква во шуплината на карпата, постоела и порано, но дури во времето на процутот на уметничката дејност во XV век добила фреско-живопис и тоа благодарение на помошта на широкиот круг ктитори од Охрид и од околината. На ова укажува натписот испишан во нишата на ѓакониконот од кој се дознава дека дарители биле граѓаните од Велики Варош т.е.од Охрид и луѓето од соседните села. Внатрешноста на пештерната црква е исликана со извонреден фреско-живопис, но тој е во голема мера оштетен. Во долната зона на апсидалниот простор е насликана света Богородица со малиот Христос пред себе. Од црковните архиереи-светители овде се насликани свети Василиј Велики, свети Јован Златоуст и свети Атанасиј Александриски. Извонреден е ликот на патронот кому му е посветена оваа пештерна црква. Архиѓаконот и првиот христијански маченик Стефан, е насликан во нишата на протезисот.Големата композиција Дејзис или кај народот позната како “Второто пришествие Христово” е насликана на северниот ѕид, а до неа е насликана најпочитуваната светителка Света Петка. Од она што денес останало, според општиот цртеж на фигурите, карактеристичната обработка на формите со слободни потези и сочниот нанос на боите, ова сликарство го прават најблиско до црквата посветена на Сите Светители во селото Лешани, недалеку од Охрид. Свети Стефан по многу нешта е уникатен црковно манастирски комплекс на Охридското крајбрежје. Сепак, она што посебно е карактеристично за пештерската црква посветена на Св. Стефан, е Божјото око. Тоа е редок симбол по кој е препознатлив овој охридски манастирски комплекс со импресивна местоположба и неповторлив живопис . Пред две години, во манастирскиот комплекс беа осветени новите и современи конаци кои пружаат прекрасен поглед кон Охрид и Охридското Езеро. Конаците сместени во карпите и шумата нудат мирен престој на верниците, посетителите и туристите кои одмараат тука и остануваат во неповторливата природа и живописниот пејсаж. Чинот на осветувањето го изврши митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј во сослужение со повеќе свештенослужители. Пред изградбата на конаците, обновена е надворешната фасада на пештерната црква а реновирана е камбанаријата.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK