Артикли
Отпочна проектот „Отворени денови на Централниот регистар“ во Охрид и Струга
- Детали
- Објавено на Четврток, 09 Јануари 2014 11:18
Во Охрид и Струга денес отпочна реализ на проектот „Отворени денови на Централниот регистар“
Проектот што Централниот регистар на Македонија го спроведува во сите регистрационите канцеларии ширум Република Македонија, отпочна на 18-ти декември минатата и ќе трае до 29-ти јануари оваа година. Во рамките на отворените денови на Централниот регистар, предвидено е тимови од централата на Централниот регистар да информираат за измените во законската регулатива, како и за останати прашања поврзани со работењето на Централниот регистар. Претставниците ќе одговораат на сите отворени прашања од заинтересираните граѓани и ќе бидат достапни за сите потребни дополнителни информации.