Вто02182020

Последна промена12:52:58 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Охридскиот регион ќе биде изземен од новиот закон за легализација

Сподели

Новиот закон за легализација на дивоградби кој е во подготвителна фаза нема да важи за Охрид. 

 

Градоначалникот КОнстантин Георгиески  вели дека новиот закон за легализација на дивоградбите, со кој се предвидува да не биде опфатен охридско-струшкиот регион на некој начин е дискриминирачки. 

„Може е дискриминирачки за граѓаните кои живеат на овој посед, заштитен од УНЕСКО, и со сите оние урбанистички проблеми кои ние ги имаме, дека е во однос на другите граѓани дискриминирачки. Ставот е поделен во однос на носење на тој закон и од страна на градоначалниците во ЗЕЛС, па ќе видиме каква ќе биде судбината на тој закон. Во тој предлог закон во став 4 е предвидено сите бесправно изградени објекти во Охридско струшкиот регион во границите на УНЕСКО, целиот тој регион да биде изземен од тој закон“, вели Константин Ѓеорѓиески-градоначалник на Охрид.

Според регистарот на дивоградби во Охрид има 1076 нелегални градби од кои 409 се во заштитениот појас, додека во Струга 3330.

Министерот за транспорт и врски  Сугарески се изјасни дека  по сите критики од УНЕСКО, не смее да се дозволи повеќе да се случуваат такви работи и затоа овој дел од државата ќе биде изземен од новиот закон. 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK