Артикли
Здравствен дом Струга продолжува со мобилни прегледи по селата
- Детали
- Објавено на Четврток, 09 Јануари 2014 19:51
Вчера екипите на Здравствен Дом Струга ги посетија и вршеа превентивни прегледи во селата Корошишта , .Џепин и Биџево.
Утре екипите на Здравствениот Дом - Струга ќе вршат бесплатни прегледи во селата : с.Ложани (од 08-10:45ч) с. Враништа (од 11ч-13:45ч ) с. Долна Белица (од 14 до 16 ч) и с. Октиси (09ч-12ч). Прегледите опфаќаат мереше крвен притисок и испитување на шеќер во крвта.
Целта на ваквите прегледи е превенција и подобро здравје на жителите во руралните средини.