Пет12042020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Спасески на средба со поранешните секретари на општината

Сподели

По повод новогодишните и божиќните празници, секретарот Димитар Спасески, оствари средба со поранешните секретари на Општина Охрид. На средбата беа поканети сите претходни секретари, кои ја извршувале оваа работа во различни периоди од развојот на општина Охрид.

 

- На мое огромно задовлоство, а се разбира по повод празниците кои поминаа, кога секогаш правиме една ретроспектива на минатото и правиме планови за иднината, сметав дека е добро да ги поканам моите претходни колеги, – изјави секретарот Димитар Спасески

Денешната функција секретар, како таква е воспоставена од 2005 година соогласно новиот Закон за локална самоуправа, а претходните колеги соогласно тогашните законски регулативи биле претпоставени на администрацијата и тоа практично значи дека и тие тогаш ја извршувале на соодветен начин секретарската функција.

- За мене како најмлад по години и по стаж секретар,  од денешната средба со нив имав можност да извлечам многу позитивни искуства од нивната тогашна работа. Веројатно и тие се соочувале со соодветни предизвици кои што им биле пред нив во тој период, така што од денешната средба за мене лично произлегоа многу заклучоци кои што ќе можам да ги применувам во мојата понатамошна работа. Од друга страна им оддавам лично признание и благодарност за се она што направиле со својата работа и сите биле  дел од склопувањето на мозаикот, наречен општина Охрид, така што нивните дела за секогаш остануваат дел од историјата на градот Охрид,  додаде секретарот Спасески

На поканата се одзваа поранешните секретари, Сотир Пирузе, Никола Рилковски, Веско Малезан, Никодин Наумкоски, Ѓуладин Ѓуладин, а од оправдани причини, поради службени патувања не беа во можност да присуствуваат Никола Рилкоски и Димитрија Вревезоски.
Функцијата секретар е една од најсериозните функции кои се извршуваат во локалната самоуправа.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK