Артикли
8 години докажано најдобри!!!
- Детали
- Објавено на Четврток, 30 Јануари 2020 08:10
8 години со Вас - стоматолошки центар „Др. Баткоски“ и „Виа Фарм“ аптеки! 8 години докажано најдобри на пазарот!
Спојот на искуство, професионализам, врвни услуги и општествена одговорност, преточени во заеднички проекти кои успешно ги реализираат веќе осум години, се заштитен знак на соработката на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“, во функција на грижа за здравјето на граѓаните во Охридско-струшкиот регион.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ постои од 2003, а аптеки „Виа Фарм“ од 2007 година. На 28 јануари 2012 година, пак, започна нивната заедничка успешна приказна.
Модернaта опрема и медицинска апаратура од најновата генерација, ласерски системи за безболен третман, рентген и компјутерска техника за прецизна дијагностика, изведувањето сложени стоматолошки зафати, примена на иновативни методи во работата и професионални естетски третмани, го издвојуваат стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ од конкуренцијата.
Стоматолошкиот центар Д-р Баткоски е првиот сертифициран и лиценциран центар за импланти кој од неодамна може да се пофали и со соработката со Дитрон Интернационал. За таа цел нашиот центар е побогат за уште една современа орално хируршка и имплантолошка сала која ги задоволува светските стандарди за ергономичност, функционалност и стерилност и соодветен кадар кој е обучен за работа со Дитрон имплантите.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ е и лидер во развојот на денталниот туризам, не само во регионот, туку и во земјата воопшто.
Со проширувањето на листата на задоволни клиенти во Италија, Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, ја потврдува лидерската позиција во развојот на денталниот туризам во регионот, кој зема се поголем замав.
„Виа Фарм“, пак, во Охридско-струшкиот регион е лидер во областа на фармацијата, но и повеќе од тоа.
Аптеки „Виа Фарм“ ги следат современите текови. Од печат неодамна излезе 16 број на специјализираниот магазин за здравје и современ живот „Наше здравје“ во издание на аптеки „Виа Фарм“, во соработка со стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“, специјалната очна болница „Деница“ и ресторан „Виа Игнација“. Своите искуства и знаење тие несебично ги споделуваат заедно со еминентни имиња од областа на медицината, на четириесеттина страници исполнети со корисни совети и едукативни текстови. Оваа година ланецот аптеки „Виа Фарм“ се прошири и е побогат за три нови аптеки во Охрид и Струга.
Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ се препознатливи во јавноста и по бројните општествено корисни проекти.
Најновите информации од работата на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ и аптеки „Виа Фарм“ редовно се присутни и на социјалните мрежи. Од неодамна започна со функција потполно новиот брендиран веб сајт на кој можете да закажете бесплатни консултации како и да ги видите услугите кои ги нуди стоматолошкиот центар www.drbatkoski.mk.
Менаџерските тимови на Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ кои успешно соработуваат веќе осум години, најавуваат нови заеднички проекти и во иднина, во функција на подобро здравје на клиентите и воопшто на граѓаните од регионот.