Пет12042020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Поголема искористеност на ИПАРД програмите за земјоделство

Сподели

Претставници од Секторот за Туризам и локален економски развој при општина Охрид   беа дел од   обуката   за диверзификација на фармите, автохтони видови на домашен добиток и органско производство во функција на рурален развој и нови можности за користење на ИПАРД програмите за рурален развој,  што вчера се одржа во Охрид.

 

На обуката акцент беше ставен на ИПАРД програмите кои представуваат извонредна можност за диверзификација на руралните земјоделски активности, а производството и пласманот на органските производи во секторот на алтернативниот туризам представуваат најпрепознатлив бренд на локалниот туризам. Беше истакнато дека  можностите што ги дава ИПАРД програмата, и диверзификација на активностите преку поврзување на аграрот, органското производство и туристичката понуда се евидентни и сеуште  недоволно искористени од мал број на  аграрни и рурални семејства. Немањето информации или потребата од стручни и консалтинг услуги во подготовка и имплементација на проектите се најголемите проблеми со кои се соочуваат потенцијалните корисници.

На средбата  присутните беа запознаени  со органското земјоделство и неговите предности за растителните  и животински видови кои се изложени  на болести и прилагодливи на локалните климатски услови. Моментално се соочуваме со најголемата појава на почвена ерозија досега, предизвикана од модерното земјоделство кое практикува интензивнa употреба на хемикалии врз почвата. Изумирањето на голем број видови  е еден од нашите најважни еколошки проблеми. Многу органски земјоделци со децении, собираат и зачувуваат стари семиња и одгледуваат невообичаени сорти.Органското земјоделство е добро за животната средина, подобро за бизнисот, има поголема енергетска ефикасност и повкусни производи.

Органското земјоделство ги одржува руралните заедници витални. Тоа може да биде еден од начините за опстанок на една фамилијарна фарма и одржување на руралните заедници. Зголемувањето  на побарувачката на органски производи од руралните заедници дополнително ќе ја зајакне нивната финансиска состојба.

Учесниците на настанот   добија   сертификати за стекнато знаење  кое  ќе им е корисно и потребно во аплицирање на ИПАРД програмите.

Обуката е дел од годишната програма за работа на Секторот за ТЛЕР.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK