Саб10242020

Последна промена06:29:58 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Внимавајте: Македоските мобилни нападнати од хакери

Сподели

Сомнителните странски броеви од утрово ја нападнаа мобилните мрежа во Македонија. 

Голема паника од утрово се крена во Македонија откако хакери ги нападнаа корисниците на мобилните мрежи – македонски броеви. Од компанијата „Телеком“ велат дека најверојатно се работи за хакерски напад. Доколку се јавите на еден од сомнителните странски броеви кои ве повикува на вашиот мобилен, никој не одговара, а веднаш потоа линијата се прекинува. Корисниците на мобилните услуги најчесто добивале повик од број со префикс +221 кој е регистриран како повикувачки за африканската држава Сенегал, но повици имало и од број со префикс +881 кој не е евидентиран во ниту една држава. Земји од кои најчесто се прават измамите биле и Естонија, Литванија и Нигерија

.„Телеком“ веќе презела безбедносни мерки.
-„За да ги заштитиме корисниците од несакани трошоци, компанијата веднаш презеде безбедносни мерки, ги блокираше непознатите броеви и го оневозможи бирањето кон овие дестинации. Апелираме корисниците да бидат внимателни и да не одговараат на пропуштени повици од непознати броеви“, информираат од „Телеком“.
Според Агенцијата за електронски комуникации, вакви злоупотреби се случувале и минатата година и апелираа до корисниците да не одговараат на дојдовни повици од неидентификувани странски броеви.“
Секторот за компјутерски криминал во МВР работи на расчистување на случајот и заштита на граѓаните.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK