Пет10302020

Последна промена08:39:14 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Почнува проектот „Детска атлетика“

Сподели

Проектот е иницијатива на Атлетската федерација на Македонија.

Атлетската федерација на Македонија ќе започне со реализација на проект- Атлетска лига за дечиња на возраст од 7 до 10 години, насловен како „ Детска Атлетика. Проектот е по програма на Светската атлетска федерација кој ќе опфати формирање на специализирани секции во склоп на Атлетските клубови со соодветни реквизити за спроведување на тренинг во текот на целата година, со кое е предвидено и да се организираат 7 атлетски натпревари во 7 градови во Македонија : Охрид , Тетово , Куманово , Прилеп , Кавадарци , Велес и Скопје . Меѓу 9-те атлетските клубови каде ќе се реализира проектот е и Атлетскиот клуб Охрид.
Целта на овој проект е зголемување на свеста кај граѓаните за спортските активности и зголемувањето на натпреварувачкиот дух кај децата , преку анимација и континуиран тренажен процес во текот на целата година , а со тоа и развој на атлетските клубови и рана селекција на децата преку насочување кон атлетскиот спорт.

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK