Пон10262020

Последна промена01:37:42 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

И ова лето Вевчанско културно лето - 2020

Сподели

Во Вевчани,по деветти пат ќе се одржи Вевчанското културно лето,со програма која ќе ги задоволи вкусовите на домаќините и на гостите што ќе ја посетат населбата.аспоред зборовите на Мишо Китаноски и на Сашо Бетоски,и двајцата носители на манифестацијата ,овој пат и покрај ограничените услови за одржување на програмите,сепак,направен е напор со строг здравствен протокол да се реализираат дури десетина активности,од кои неколку преку Онлајн.


Така,летово во Вевчани ќе бидат промовирани пет книги од вевчански автори или наслови кои зборуваат за Вевчани и неговото славно минато.Тоа се книгите со песни „Вода за Свети Спас“од Петер Алулоски,потоа романот на Косте Шутиноски,како и најновото издание на монографијата„ Михајло Пупин и неговото дело“,но и уште два други наслови „Избрани историски студии за охридско-струшкиот крај“и „Документи од српските архиви за минатото на овој регион“чиј автор е истакнатиот македонски историчар проф.д-р Павле Митревски.Но,она што и дава посебен белег на овогодишната програма на Вевчанското културно лето 2020 е библиофилското издание на книгата „Македонски политички новговор,од независноста до денес“од истакнатиот македонски афористичар Сашо Бетоски кој е посветен на триестгодишнината од одбележувањето на независноста на нашата држава на меѓународен план.Изданието претставува вистински раритет со својата оргиналност,а нејзината библифилмска вредоност пак,и,дава посебен печат...Исто така,планирано е да се одржи промоција и на книгата „Светилиштата во Подгорци од авторот Стојан Кукукунешоски и, тоа во Подгорци и Вевчани,како резултат на традиционалната взаемна соработка на овие две наши соседни населби.
Планирано е да се одбележи и петгодишнината од смртта на истакнатиот писател за деца МИЛУТИН БЕБЕКОСКИ,кој што остави трајни траги во нашата литература и култура.
Од богатата програма ќе ги издвоиме уште и одржувањето на изложбата на мозаици изработени од природен матерјал и со огромни димензии ( 1,5 на 2 м.) од младиот сликар и поет Илија Пешиноски,а се планира да биде организирана изложба и на Дафина Шекуткоска,професорка и сликарка од Скопје,по потекло од Вевчани.Програмата ќе биде збогатена и со уште една оргинална активност,а тоа е одржувањето на Вечер посветена на вевчанските преведувачки Ивана Шутиноска и Тања Бетоска,кои македонската литература и култура ја имаат задолжено со триесетина објавени книги од светски значајни писатели нивни преведи од англиски,италјански.шпански,романски и други јазици.
Вевчани е единствена мала населба што организира ваква летна манифестација која е насочена кон афирмација на творештвото на наши Македонски и Вевчански автори од сите уметности.Тоа го правиме педесетина години почнувајќи со културно-научната манифестација „Печалбарски денови“која зедно продолжи со активностите на Вевчанското културно лето и дава и остварува навистина значајни резултати,вели Китаноски,новинар и писател од Вевчани.Точно пради ова ние,вевчанците сме горди на постигнувањето и тоа значи дека Вевчани отсекогаш зрачело со својот програс на културен план.Кога кон овие наши програмски активности ќе се додаде и фактот дека Вевчани постојат и многу успешно дејствуваат и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“и Меѓународниот фолклорен фестивал „Преображење“,тогаш сосема слободно може да кажеме дека сме доследни продолжувачи на традицијата и афирматори на уметничките вредности,истакна Китаноски,и,додава дека дел од некои програми ќе бидат реализирани преку он лајн и со строги здравствени протоколи...
СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK