Пон12162019

Последна промена11:37:19 AM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Почина Пачеко лауреатот на струшките вечери

Сподели

Струшките вечери на поезијата со огромно жалење ја примија тажната вест за смртта на Хосе Емилио Пачеко, еден од најголемите мексикански и светски поети и писатели, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2013 година.

Сочувствуваме со огромната болка на семејството заради ненадоместливата загуба.  на  бардот кој на светската литература ѝ подари дело неодминливо по уметничките и естетски вредности. Во миговите на тага се потсетуваме на прекрасните мигови од неговиот престој во Република Македонија во 2013 година, кога му беше врачен „Златниот венец“ за особените остварувања на неговото поетско творештво.

Хосе Емилио Пачеко е роден во Мексико Сити во 1939 година. Предавал книжевност на многу универзитети во Јужна Америка, САД и Канада. Бил член на Мексиканската академија на јазиците. За своето исклучително поетско творештво многукратно е наградуван, а лауреат е и на големата награда „Сервантес“.

Горди сме на тоа што имавме една таква прекрасна личност и творец за лауреат на најпрестижната светска награда за поезија. Неговото поетско дело ќе продолжи да живее и низ препевот на македонски јазик.  

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK