Чет12032020

Последна промена03:30:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Двојно помалку заболени од корона во последната седмица

Сподели

Според неделниот билтен на корона кој го објавува Центарот за јавно здравје Охрид, последната недела бројот на новозаразени е двојно помал во однос на претходната. 

 

За период од 12 до 18 септември 2020 г.

-          Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 116  лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје

-          Од вкупно земените материјали, 52 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 64 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

-          Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 47 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, кај 24 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар.

-          Во овој период оздравени се 21 лице од Охрид, 10 лица од Струга и 2 лицa од Дебар.

-          Во овој период починати се 7 лица и тоа 3 од општина Охрид, 5 од општина Струга.

-          Активни случаи во Охрид се 48,  во Струга 64, а во Дебар 40.

 

Од почетокот на епидемијата до 18 септември 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај  вкупно 1315 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 401 лица во општина Охрид и Дебрца, 639 лице во општина Струга и Вевчани и 275 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 335, од Струга се 518, а од Дебар и Центар Жупа се 222 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 18 починати пациенти, од општина Струга се починати 57, а од Дебар и Центар Жупа се починати 13 лица

 

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK