Чет12032020

Последна промена03:30:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Струга цело лето со проблеми во водоснабдувањето

Сподели

Цело лето Струга  повторно има проблеми  со водоснабдувањето.

  Или вода воопшто нема со часови и денови ,  или е  слаб притисокот. Стружани се жалат,  велат во време на пандемија и високи  температури не може да одржуваат лична хигиена , ниту во домот. Велат во градот распослан на две води,  жителите се  жедни.

Поплаки има и од угостителите, кои секојдневно се соочуваат со проблеми во  услужувањето на гостите.

„Често се случува да има слаб млаз  од чешмата многу често имаме проблеми да измиеме чаши и кафе слабо тече. Имаме проблем да ги услужиме госстите , кафе обавезно со вода оди“,  Има ситуации да не тече вода воопшто  и да имаме проблем“, велат од угостителски објекти.

-„Кај мене нема проблем  во мојата населба.  На пониско живеам имам слушнато  од сограѓани  дека на повисоките спратови има проблем“, вели еден стружанец. 

Причина за проблемите со водоснабдувањето  е слабата издашност на изворите во Шум и Белица од каде Струга  и околината се снабдуваат со вода. Од локалната велат бараат начин да го решат проблемот.

-. Не би рекол дека нема проблеми со водата туку во тек сме и во контакти со централната власт за да го решиме една засекогаш тој проблем. Ќе направиме еден  поголем проект за тоа треба време ресурси и волја“, вели Дашмир Насуфи шеф на кабинет на градоначалникот на Струга.

Речиси една деценија проблеми со водоснабдувањето  има и во струшките села. Најкритична е состојбата  во Делогожда, Велешта и Татеши.

Новинар Соња Рилковска

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK