Вто12012020

Последна промена11:49:14 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

INMEMORIAM: Почина новинарот Драган Чубриќ од Охрид

Сподели

По кратко боледување, рано  утово почина  Драган Чубриќ (67) , долгогодишен новинар од Охрид.

Чубриќ дипломирал новинарство во Белград. Имаше плодна и богата новинарска кариера. Беше  дописник на дневните весници „Нова Македонија“, „Вест“, во еден период  работеше и како уредник во локалната ТВМ телевизија, сопственик на порталот „ОhridLive“, последните години беше дел од тмот на „SDK“. Негова пасија беа малите модели на авиони, беше  претседател на Аерооклубот „Охрид".  Ќе остане запаметен по љубовта кон новинарството,  како доследен и професионален новинар од „старата гарда“ , кои беа основоположници и чувари на достоинството на професија.

Чубриќ во својата долгогодишна кариера и „навезаните“ безброј  текстови и труд остави белег  во охридското и  македонското новинарство.

Погребот ќе биде утре во 12 часот  на градските гробишта во Охрид.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK