Чет12032020

Последна промена03:30:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

ФОТО: ЕКО ФАПП подигна купишта отпад од каналот

Сподели

Здружението  ЕКО ФАП подигна купишта отпад од каналот Студенчишта во Охрид.

-Почитувани сограѓани, подолго размислувавме како да ја почнеме оваа објава, бидејки истата се состои од два дела. Едниот афирмативен, а другиот секако критички и чинам освестувачки за многу од нас кои сме дел од езерото и природата! 

Прв дел, афирмативен:
- ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид секогаш недвосмислено , алтруистички и позитивно одговорил на барање на бродарите да се отстапи место за поправка и ремонт на бродовите со оглед дека на езерото друго и попогодно место , нема. Секако дека со тоа се нарушил изгледот и атмосферата на просторот, но секогаш отпадот бил соодветно подигнат , барем најголемиот дел!!! Свесни сме за тоа!
Со овој мал гест, сакаме да се заблагодариме на ЈНУ Хидробиолошки завод за довербата која ни ја укажале и која се надевам дека и во иднина би ни ја укажувале!
Сите инволвирани во бродарството ( бродари, капетани, морнари, машинисти, Капетанија на пристаништата- Охрид) од срце ви благодариме за довербата и поддршката, со уверување дека доследно ќе се грижиме за околината во која сме принудени да ги извршуваме неопходните зафати и затоа го праќаме овој прв и верувам значаен сигнал во оваа насока!
Втор дел , критичен:
- Ѓубрето кое денес го собравме во најголем дел се состои од лименки, ќеси, конзерви од разна храна, канти од масло и бензин, шишиња... Драги кајчари , ГЛИСЕРЏИИ , џетсетери и остала шушо ( извинување до праведните!!!) , нека ова денес биде поттик отпадоците од вашиот вештачки хедонизам и театрално уживање по езеро да си ги однесете дома ако веќе не знаете каде да ги исфрлите! Жалам што имаме либерални закони во кои барајќи ги сторителите на вакви дела секогаш губитник е општината, државата , општеството, надредени се тие кои растураат, со лева фрлаат додека со десна се крстат, тераат филозофија за наутика без ние едно реално дело зад себе...
Да знаете, ни ние со ЕКО- ФАП нема џам да свиткаме покрај вас, вас никој нема да ве стигне, се чуствуваме покрај вас малечки, ама барем ќе се трудиме да ви покажеме дека не има , па белким ќе се усрамите и ќе го фрлате ѓубрето со благо поцрвенети образи од срам, благ срам како лесен поветерец, вели Горан Устијаноски од ЕКО ФАП. 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK