Чет12032020

Последна промена03:30:24 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Во Охрид Меѓународна безбедносна конференција

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески денеска присуствуваше на свеченото отварање на 11-та Меѓународна научна конференција посветена на безбедноста, која се одржува во Охрид, во организација на Факултетот за безбедност од Скопје и Фондацијатa „Ханс Зајдел”.

 

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Георгиески упати честитки и признание до организаторите, кои во услови на актуелната светска здравствена криза, овозможија реализирање на овогодинешната конференциска агенда.

– Овој академски собир е еден од најголемите во областа на безбедноста во овој регион и особено значајно е тоа што годинава ќе биде посветен на Евро-атланските врeдности во балканските држави.

Се надевам дека потврдените заклучоци, кои ќе произлезат од изнесените научни трудови ќе овозможат спроведување на рационални и прифатливи решенија за заедничка соработка, особено во областа на безбедноста.

Евро-атланската интеграција и членството помеѓу најмоќните претставува извонредна шанса за балканските држави кои имаат помало меѓународно влијание и ограничени ресурси.

Покрај унапредувањето на соработката со светските сили, од исклучителна важност е и воспоставувањето на регионално сојузништво. Само преку ваков вид на соработка, ќе покажеме дека и самите поседуваме зрелост и способност да направиме нешто за регионот и за своите граѓани.

Исто така, храбрите политички одлуки и надминувањето на нерешените регионални проблеми, обезбедуваат гаранција за мирот и безбедноста и ни даваат можност да бидеме поамбициозни и поуспешни во сферите на економијата и доброто владеење.

Силно верувам во потенцијалот на меѓудржавната соработка и плановите за градење на нови мостови кон иднината. Охрид отсекогаш бил и ќе остане космополитски центар на Балканот, па затоа посакувам да биде појдовна точка за нови видици кон регионалниот напредок, истакна Георгиески.

На свеченото отворање, преку видео-конференциска врска пред присутните се обрати Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а свои обраќања имаа и Проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и Претседалот на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, Верица Милевска Стефановска.

Во рамки на меѓународната конференција ќе земат учество врвни професори и научни работници од голем број земји од регионот и пошироко.

 

 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK