Вто12012020

Последна промена11:49:14 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Во грмушка кај Струга криел дрога

Сподели

Жител на Албанија во грмушка кај Струга криел дрога .

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(33) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, како и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

Првопријавениот, во месноста „Врабич“, во близина на патот кон Струга, во грмушка скрил вреќа во која имало 5 килограми и 480 грама марихуана. Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и третопријавениот, кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK