Вто12012020

Последна промена11:49:14 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Во повеќето училишта во Охрид наставата ќе се одвива онлајн

Сподели

Наставата од 1 ви октомври во Охрид за учениците од 4то одделение до 9то и за средношколците ќе започне он лајн. 

Владата објави листа на училишта на кои им е дозволено да држат настава со физичко присуство на која има169 училишта од кои само 4 се средни училишта и ниту едно не е во Охрид.
Иако во информацијата од Владата стои дека разгледани се комплетните барања доставени од страна на општините ,од Секторот за образование при Општина Охрид велат дека се уште очекуваат повратна информација од Комисијата односно од Владата по однос на барањата на средните училишта за организирање настава со физичко присуство.

„Има простор , одредени училишта од градов, средни училишта , побарале настава со физичко присуство. Се чека одговор од МОН. Од Секторот за образование ме известија дека тој одговор треба да стигне до утре , значи до крајот на оваа недела дали ќе им се дозволи на тие училишта настава со физичко присуство.“ - вели портпаролот на локалната, Томе Џамтоски.

Денеска се одржа четириесет и осмата седнциа на Советот на Општина Охрид,, со единствена точка на дневниот ред – Предлог заклучок за усвојување на информацијата за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година.

Неколку советници во дискусиите изразија двојба во однос на успешното спроведување на целиот наставно образовен процес, но иста така ја истакнаа подготвеноста на наставниот кадар и учениците за максимални напори, за што поуспешна учебна година во новонастанатите услови, предизвикании од ковид пандемијата. Помошник раководителот на Секторот за образование Јоне Станкоски, ги информира советниците за подготовките на локалната самоуправа за стартот на учебната година и модалитети под кои таа ќе се спроведува.

Предлог заклучокот едногласно беше прифатен од сите советници.

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK