Нед12152019

Последна промена03:50:34 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Села ќе менува имиња на улици и училишта

Сподели

Струшкиот градоначалник ќе менува имиња на улици и училишта. Тој ги повика граѓаните да поднесуваат иницијатива за менување на имињата.

Според Села ниту една улица во Струга не носела  име на заслужен албанец, кој е од значење за мнозинството албанско население во градот.

- Во град каде што преку 50 % живеат албанци, 35 % македонци и други власи, турци,  да немаш ниту една улица на албанец, кој вреди нешто и значи за ова населени. Имаме имиња на македонци, срби имаме ЈНА а немаме ниту еден албанец  ,изјави Зијадин Села градоначалник на Струга.

Села денеска   јавно потврди дека македонското училиште “Јосип Броз Тито” има намера да го претвори во мултиетничко училиште,  каде ќе се воведат и албански паралелки.

-  Имаме училиште каде што се учи само на македонски јазик тоа не е во ред. Да беше и само на албански не е во ред. Во сите населени места каде живеат повеќе етникуми не смееме да си дозволиме да има еднонационални училишта, смета Села.

Струшкиот градоначалник воедно најави дека ќе ја разреши директорката на ОУ “Јосип Броз Тито” Ана Столеска, која деновиве јавно се пожали на закани и притисоци од општината.  Села ја обвини за кражба на нафта. Според него во школото каде во понеделникот и вторникот немаше настава поради недостиг на нафта,  преку чешма вршеле злоуптреба на резервоарот со нафта.

Новинар Соња Рилковска

Канал 5 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK