Вто12012020

Последна промена11:49:14 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Седум месеци поддршка за ранливите категории во Охрид

Сподели

Георгиески со јавна благодарност до тимовите на Црвен крст, кои седум месеци се на терен и вршат достава на хуманитарни пакети до социјално ранливите семејства.

 

Упатувам јавна благодарност до Mобилните тимови на Црвен крст Охрид и на Општина Охрид кои непрекинато седум месеци се вклучени во напорите за ублажување на последиците од пандемијата на КОВИД-19. Започнувајќи од 16.03.2020 година, заклучно со вчерашниот ден 15.10.2020, овие тимови одговориле нa 670 барања за набавка и достава на прехранбени продукти, на средства за хигиена и на лекови, како и за други видови асистенција на постари и изнемоштени лица, лица со хронични заболувања, самохрани родители, лица со попреченост и други граѓани на кои им била неопходна поддршка.
Испорачале 127 пакети со хронична и онколошка терапија во соработка со Министерството за здравство, Клиниката за онкологија и Црвен крст на Град Скопје.
Доставиле 955 пакети со прехранбени продукти и 882 пакети со хигиенски средства, обезбедени од Црвен крст Охрид, Општина Охрид, општествено одговорни компании и организации и хумани граѓани.
Дистрибуирале 881 мал пакет со леб и печива до домаќинства на лица во социјален ризик како дел од хуманитарната акција на Општинскиот кризен штаб и на „Жито леб“, која се реализираше од средината на април до средината на јуни, информира градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. 

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK