Вто12012020

Последна промена11:49:14 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Стружанецот Клечкароски и неговиот чоколаден и кремаст свет

Сподели

Стружанецот  Пеце Клечкароски е прв во земјава, кој прави домашна  чоколада.

Јаткастите плодови  и семките од сопствената градина и соседството ги претвора во вкусни кремови.  

 Пред шест  години  музиката  ја замени за креативно надградување  во својот чоколаден и кремаст свет.  Три години учел, експериментирал  и тестирал најразлични  рецепти за денес со  својата креативност , упорност и уметничка душа  во  мини  работилницат „Леска“  во село Дрслајца  да произведува  шеесеттина  врсти вкусни намази.

Кремови од лешници, бадеми, ореви, фстаци, семки од тиква, помешани со какао и мед се новата генерација производи на инвентивниот стружанец.

-„Сите рецепти што  досега ги имам ги измислив сам јас. Секако додека да додјам до сите тие рецепти имаше ногу работа, многу се образовав, многу учев. Учев преку различна литература која што ја нарачував од интеренет “, вели Пеце Клечкароски.

За разлика од индустриските кремови, производите на „Леска“ се  здрави  без додадени шеќери и штетни  адитиви.

- „Разликата кај занаетчиското производство е што се обрнува посебно внимание  на квалитетот на самата намирница, од каде потекнува од каде се набавува,  се обрнува внимание на изработката и се обрнува внимание на квалиетот на сите намирници на тој состав. И секако и на креативноста“, додава Клечкароски.

Во производството кое голем дел се врши рачно засега  му помага сопругата. Во иднина планира да го зголеми капацитетот на работилницата  и да го усоврши чоколадиерскиот занает. Да го збогатува асортиманот, но и да ги брендира производите на „Леска“.

- „ Имам план да отворам чоколатерија каде што ете доколку би бил поголем обемот на работата би оформил еден тим на соработници каде би креирале не само јас туку и и други луѓе да се вметнант во приказната со својата креативност“, вели Клечкароски.

Соработува и со други локални производители  на мед и џемови од  овошја  и сирупи ,  планират  заедно да  создаваат автхтони продукти,  кои ќе бидат бренд на  македонското поднебје.

Засега велат  немаат никаква поддршка од државата, но веруваат дека во иднина владата ќе ги промовира и  стимулира овие мали креативни семејни  бизниси.

Новинар  Соња Рилковска

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK