Вто12012020

Последна промена11:49:14 AM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home

Артикли

Во Вевчани се гради првата Виа Ферата

Сподели

Во Вевчани  се гради  првата  Виа ферата во земјава.

Станува збор за  безбедна патека за алпиниститчкото искачување на карпа со помагала. Карпата  висока околу 150 метри се  наоѓа на еден километар до  Вевчанските извори.  На неа  се поставува фиксна сајла со безбедни клинови, а на потешките делови  и скали.

Фератата   е  нова туристичка приказна во Вевчани , која  за три месеци ќе биде достапна за туристите.

„Во Вевчани, вчера, беа последните мерења кои ги правевме. Вкупната должина на ферата ќе биде 230 метри од кои 140 м ќе бидат чиста вертикала, а останатите делови се експонирани гребени. Самата ферата е во непосредна близина на Вевчани, овозможува лесен пристап за посетителите “, вели Антониот Додески од Алпнистичкиот клуб  Патагонија.

Овој спорт е многу популарен во европпските земји.  Авантуристичкото доживување по патеката ќе трае околу час и половина. Искусните ќе се искачуваат сами, а почетниците со водичи алпинисти.

-„Проектот го спроведуваме ппартнерски  со општина Вевчани и планинарското друштво „Црн камен“. За клубот ќе биде набавена и опрема која ќе се изнајмува бидејки потребен е виа ферата сет, односно   кацифа и алпинистички појас кој што клубот ќе ги изнајмува“, додава Додески.

-Деновиве присуствувавме на мапирање на првата "ВИА ФЕРАТА" во Македонија (заштитена патека за качување). Мапирањето го вршеа искусните алпинисти од спасителната горска служба од Охрид. Ова ќе биде пионерски потфат и збогатување на туристичката понуда на Вевчани.
Првата ВИА ФЕРАТА ќе биде финансирана преку проект подржан од ГИЗ-Германско друштво за интернационална соработка, вели градоначалникот Сашо Јанкоски. 

Изградбата на првата ваква патека е дел  од  проектот „Хајс кардус трел“ кој преку планински патеки ги поврзува Македонија, Косово и Албанија.

Новинар Соња Рилковска

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK